И ТОА СЕ СЛУЧИ

Селекторот на Бразил се повреди (ВИДЕО)

Селекторот на бразилската репрезентација, Тите се повреди додека го прославуваше првиот гол против Костарика на Светското првенство. 

објавено: 23 јуни 2018 - 08:15

Бразил ја победи Костарика со 2-0, првиот гол го постигна Фелипе Кутињо во првата минута од судиското надополнување. По овој погодок селекторот на оваа репрезентација истрча на терен, падна и се повреди.

„Мислам дека го истегнав мускулот, најверојатно и скинав мускулно влакно. Сакам да го прославам голот со нив, но морав полека да дојдам до клупата“, рече Тите.

За неговата повреда свој удел има и резервниот голман Едерсон Мораес, кој ненамерно го турна додека трчаше зад него.

За Бразил ова беше прва победа на шампионатот и е лидер на табелата во групата Е со четири бода. 

Најново во Меѓународен Фудбал