Тоа е ПОВЕЌЕ ОД ИГРА

ЗАБОРАВЕТЕ НА СП: Погледнете каков фудбал се игра во Фиренца (ВИДЕО)

„Калчо сторико" или "Калчо Фиорентино" спорт, иако е потиснат од оние „први вести" за фудбалот во светските медиуми, во Фиренца, веќе со стотини години наназад, овие работи уживаат статус на боженствени.

објавено: 26 јуни 2018 - 17:00

„Калчо сторико" или "Калчо Фиорентино" спорт, иако е потиснат од оние „први вести" за фудбалот во светските медиуми, во Фиренца, веќе со стотини години наназад, овие работи уживаат статус на боженствени.


Симбол на Фиренца
Со своите корени може да се пофали од 16 век. Своевремено бил популарен низ цела Италуја, но традицијата ја сочува само Фиренца, па „Калчо сторико" или "Калчо Фиорентино", прераснаа во најважната историска градска манифестација.
Декорот пред и после мечот, потсетува на таа историска позадина, делува волшебно.
Натпреварот почнува со пукање од топ и фрлање на топката на средината на теренот.
Гладијаторски спорт
Според своите обележја, „Калчо сторико" е исклучително брутален и крвав спорт. Тоа е спој на американскиот фудбал и рагби, односно бокс и борење од друга страна. Целта на играта – со ограничување на 50.минути, е да се постигнат што е можно повеќе голови од конкуренцијата со пренесување на топката пред „ѕидчето" на противничката екипа. После секој освоен поен, екипите ги менуваат страниге.
Голот е „долг" по должината на целата корнер линија. Игралиштето чја подлога е посипана со песок, е нешто помало од фудбалското.

Бел, црвен, зелен и син тим
Секоја екипа, без замени, брои 27.играчи (четири голмани, осум одбрамбени и 15. напаѓачи). На играчите им е дозволено се, апсолутно се. Единствено е забрането удирање по гениталиите.
Во натпреварувањето се вклучени бел и црвен, односно зелен и син тим, или четири екипи кои ги претставуваат квартовите во главниот град на Тоскана.
„Калчо сторико" еднаш годишно се организира на плоштадот во Фиренца насловен како „Пјаца Санта Кроче" . Сo помош на ждрепка се одредуваат полуфиналните двојки, од кои најдобрите две одат во финалето кое се одржува секој 24. јуни, на Денот на Свети Иван, заштитникот на градот.
Службена награда не постои, има само сатисфакција

 

 

 

Source: Calcio Storico: Ludi sport koji je spoj borilačkih sportova i nogometa by indexpromocija

Најново во Другата страна на спортот