уплаќаат на сметката „не се плашете од орелот“

Албанците собираат пари да ги платат казните на Џака и Шаќири

Премиерот на Албанија Еди Рама ги повика сите сонародници да помогнат на швајцарските репрезентативци кои имаат албанско потекло

објавено: 26 јуни 2018 - 18:38

Премиерот на Албанија Еди Рама отворил банкарска сметка на која фудбалските фанови ќе може да донираат пари за да се соберат доволно и да се платат казните кои ги заработија швајцарските репрезентативци Гранит Џака и Џердан Шаќири.

„Не се плашете од орелот“ е називот на сметката на која може да се уплатат пари. Џака и Шаќири беа казнети од страна на ФИФА со по 10.000 швајцарски франци, поради начинот на кој ги прославија погодоците во дуелот против Србија. Швајцарските репрезентативци кои имаат албанско потекло погодија за победа над Србија од 2:1, на Светското првенство во Русија. 

Двајцата прославија покажувајќи со рацете во вид на орел, кој е симбол на Албанците, но од страна на светската фудбалска федерација беше протолкувано како политичка провокација. 

Најново во Меѓународен Фудбал