ПОЛСКА СИ ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА РАБОТА, НА РЕД Е ПАНАМА

Обложувалниците се тресат, Панама вечерва не смее да даде гол

Селекцијата која доаѓа од зоната на Средна и Северна Америка, вечерва игра против Тунис

објавено: 28 јуни 2018 - 18:18

Уште пред одигрување на денешните дуели, Полска беше сигурно елиминирана од нејзијата група. И покрај тоа европската селекција одигра чесно и во третото коло славеше над Јапонија со 1:0. Со овој гол, Полска направи една обложувалница во Англија да се тресе до дуелите кои се играат вечерва и тоа се поради играта која ја дозволиле на својата понуда. 

Играта која имала коефициент 225, била следна, сите 32 репрезентации кои се дел од Светското првенство, да дадат барем по два гола во групната фаза. Пред денешниот последен ден од групната фаза, само Полска и Панама беа селекциите со по еден гол на турнирот. Полска даде гол и сега е редот вечерва истото да го направи и Панама. 

Селекцијата на Панама игра против Тунис во меч кој ништо не решава. Доколку Панама даде гол, оболожувалницата која ја дала понудата со коефициент 225, ќе треба да исплати 663.000 фунти. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал