ШВАЈЦАРЕЦОТ НА „ЕНФИЛД“ СО ДОЛГОРОЧЕН ДОГОВОР

Потврдено: Шаќири, добредојде во Ливерпул! (Видео)

Досега ги бранеше боите на Стоук Сити, а од новата сезона ќе го носи дресот на Редси.

објавено: 13 јули 2018 - 22:28

Џердан Шаќири е третото летно засилување на германскиот менаџер Јирген Клоп, после Наби Кеита и Фабињо.

Претставен репрезентативецот на Швајцарија со бројот 23, како замена за Емре Џан кој пак се пресели во Јувентус.

„Како фудбалер секогаш сакате да бидете на најголемата фудбалска сцена. Пред неколку години сакав да дојдам, но тоа не се случи. Навистина сум среќен што конечно сум тука. Сакам да се докажам самиот себеси, сакам да бидам со најдобрите и да освојувам титули. Затоа дојдов во Ливерпул", рече Шаќири.

Најново во Меѓународен Фудбал