ВРЕДЕН 130.000 ЕВРА

Погледнете каков „ѕвер“ ќе вози Кристијано Роналдо! (Фото)

Само две недели после „трансферот на векот", од Реал Мадрид во Јувентус, Португалецот го доби најсилниот „џип"...

објавено: 24 јули 2018 - 10:30

Со оглед на тоа што „Џип“ е главен спонзор на клубот од Торино, беше логично и Кристијано Роналдо да добие еден нивни модел.

Станува збор за најсилниот и најскапиот (130.000 илјади евра), Џип модел „гранд чироки трекхок" чиј 6,2 литарски В8 мотор развива дури 700 коњски сили.

Нова „машина" на Кристијано Роналдо може да вози со брзина од 290 километри на час, а до „стотка" стигнува за само 3,7 секунди.

Најново во Автомобили