МАКЕДОНИЈА ПОПЛАДНЕВО ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО ГРУПАТА ФАЗА

Украина е „печат“ за полуфинале

За да се потврдат очекувањата и Македонија да се најде во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот У20, кој се одржува во Скопје, потребно е избраниците на селекторот Данило Брестовац попладнево, 18 часот во СЦ „Борис Трајковски", да го дадат најдоброто досега против Украина.

објавено: 26 јули 2018 - 13:00

Во последното коло од групната фаза машката младинска селекција треба да стави печат на својот полуфинален статус, но и со тоа да најави дека е многу близу да ни донесе нова ракометна радост.

По стартниот триумф над Велика Британија имаа младинците пад против Италија, но се извлекоа со реми (27:27), за потоа да понудат пријатно изненадување и да се кренат високо, нанесувајќи и го првиот пораз на Швајцарија (30:24), резултат со кој се промовираа во лидери во групата Б.

И како што секој следен меч ќе биде оној најважниот, така попладнево дуелот со Украина е оној клучниот кој може да ја дефинира судбината на младинците на Шампионатот. Јасно му е и на Данило Брестовац и на неговите избраници дека се е во нивни раце и дека квалитет постои.

Потребно е само истиот да се пренесе на теренот во дисциплинирана и агресивна игра, која ќе значи и елиминација на последната пречка во групната фаза и пласман во полуфиналето.

Најново во Ракомет