ватерполо

Србија со четврто злато во низа на ЕП

Во драматично финале, Србија дури по изведување на пенали ја совлада Шпанија

објавено: 29 јули 2018 - 08:00

Србија продолжува да доминира на Европските првенства во ватерполо. Оваа земја стигна до четвртото злато во низа, откако доцна синоќа, во финалето славеше против домаќинот Шпанија. 

Иако Србија требаше да биде голем фаворит во финалето, домаќинот бодрен од домашната публика во Барселона, даде одличен отпор. По првата четвртина Шпанија водеше со 1:0. Домаќинот водеше и на полувреме со 4:3. По завршување на третата четвртина беше 6:6, а во последната четвртина двете селекции дадоа по еден гол, за 7:7 на крајот. 

Мечот мораше да се решава на пенали во кои Србија беше подобра со 5:3 и ја потврди доминацијата. Третото место на ова ЕП го освои Хрватска, која во мечот за бронзата ја победи Италија со 10:8.

 

Најново во Други спортови