НЕ МУ СЕ ПИШУВА ДОБРО НА ПОРТУГАЛЕЦОТ

НОВ ТЕЖОК УДАР: Се дрма местото на Мурињо, познат е неговиот наследник

Тренерската позиција на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед сериозно е загрозена. 

објавено: 3 август 2018 - 09:30

Португалскиот стручњак во свој стил, влезе во „војна“ со сите во Манчестер Јунајтед, од играчите до челниците. За време на подготовките пред стартот на новата сезона, Жозе Мурињо прозва некои од ѕвездите, како Погба и Мартиал, но само поради трансфер политиката на Ед Вудвард.

Токму поради ова тој во обложувалницата котира како еден од главните фаворити кој наскоро ќе остане без својата работа во Премиер-лигата.

„Сан“ пишува дека веќе е познат и неговиот наследник. Тоа е Зинедин Зидан, Французинот во моментов е без работа, откако одлучи да се раздели со Реал Мадрид.

Една од изјавите на Мурињо која даде масло во оганот, е по поразот од Ливерпул од 4-1 за време на турнејата во Америка, дуел кој се одигра пред 101.000 публика.

На клупата на Јунјаред, Португалецот дојде во 2016 година, но како стојат работите, доколку не тргне со добри резултати на стартот на сезоната може да го напушти „Олд Трафорд“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал