ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ШАМПИОНСКИ КУП, МЕРИЛЕНД

„КРАЛСКИ“ ПРЕСВРТ: Мајсторија на Бејл, Асенсио го „дотолчи“ Јувентус! (Видео)

На мечот одигран во Мериленд во рамките од Интернационалниот шампионски куп, во реприза од полуфиналето во ЛШ од минатата сезона, составот на Реал Мадрид со 3:1 беше подобар од Јувентус.

објавено: 5 август 2018 - 08:45

Најпрвин италијанскиот шампион беше во предност после автоголот на Карвахал во 12. минута од средбата во „ФедЕкс Филд" Арената.

Бејл пред паузата успеа да донесе израмнување, а целосниот пресврт се случи во второто полувреме со двата погодоци на Асенсио во 47. и 56. минута.

Ова беше прв пораз за „Старата дама" во престижното натпреварување за моментно петто место со пет бода, додека „кралевите" после првиот триумф се на деветтата позиција.

Следниот меч Шпанците ќе го имаат на 8. август за кога е можеби најавено дебито на Кристијано Роналдо против Рома на теренот во Њу Џерси.

Најново во Меѓународен Фудбал