ЧИЛЕАНЕЦОТ ГО ПРЕДУПРЕДИ ПОРТУГАЛСКИОТ МЕНАЏЕР

Санчез до Мурињо: Ајде, разбуди се, гледаш што прави Барса?

Алексис Санчез се надева дека до крајот на летниот преоден рок, Манчестер Јунајтед ќе ангажира ново големо име.

објавено: 9 август 2018 - 18:30

Остана уште малку времењ, во четврток завршува летниот преоден рок каде што „црвените ѓаволи" доведоа само двајца фудбалери, Фред од Шахтјор и Далот од Порто.

Алексис Санчез една од ѕвездите во редовите на „црвените ѓаволи" не е задоволен од досегашната политика која ја води Жозе Мурињо кога станува збор за нови засилувања.

„Мораме да имаме фудбалери со искуство, гледате што направи Барселона? Го ангажираше можеби најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Артуро Видал, мојот почитуван колега од репрезентацијата на Чиле. Секако од друга страна го респектирам Фред кој е вреден и може да помогне, но мислам дека може да се доведе уште некое име на „Олд Трафорд. Верува дека нешто ќе смисли Мурињо", вели Санчез.

Тој е мотивиран во пресрет на новата сезона во Премиерлигата. Се навикна на сите услови и подготвен е повторно да блесне и ги израдува навивачите со нови голови.

Најново во Меѓународен Фудбал