БЕЗ ПОБЕДНИК ВО ПРВИОТ МЕЧ СЕЗОНАВА МЕЃУ ШКЕНДИЈА И ВАРДАР

Дербито го оправда епитетот: Уживање, добри акции, мајстории! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Уште едно фудбалско дерби, ефикасно помеѓу моментно најдобрите фудбалски екипи во Македонија. Во првиот меч сезонава во шампионатот одигран во Тетово имаше четири погодоци. Веќе сме сведоци на прекрасни голови кои и треба да го красат едно дерби.

Гледачите можеа да уживаат во мајсториите на теренот, особено погодоците од страна на Попов, Барсегјан и Ибраими. Секако не изостануваше и самата борба за секоја топка, жарот во очите на фудбалерите, мотивираноста и упорноста да се дојде до бодовите.

Уште еднаш се потврди епитетот на ова големо фудбалско ривалство, а не се сомневаме дека така ќе биде и на наредните нивни дуели кои можат да бидат клучни во трката за шампионската титула.

ФОТО: ПЕТР СТОЈАНОВСКИ

објавено: 11 август 2018 - 22:00