БЛЕСКАШЕ РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ ВО ГЕРМАНСКИОТ СУПЕРКУП (5-0)

ПРВ ТРОФЕЈ СО БАЕРН: Ковач го „размонтира“ својот Ајнтрахт! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен кои од оваа сезона се предводени од хрватскиот тренер Нико Ковач, во германскиот Суперкуп го совладаа Ајнтрахт во Франкфурт со резултат 5:0

објавено: 13 август 2018 - 14:00

За германскиот шампион хет-трик забележа полскиот интернационалец Роберт Левандовски во 21, 26 и 54. минута, а по еден гол имаа Кингсли Коман (63.) и Тиаго (85.).

За хрватскиот тренер Ковач ова беше прв официјален натпревар на клупата на баварскиот гигант и веднаш го освои првиот трофеј и тоа против својот претходен клуб кој го водеше во периодот од 2016-2018.

Ова доаѓа како реванш, потсетување дека во минатата сезона во Купот на Германија, Ковач со Ајнтрахт Франкфурт во финалето со 3:1 го совлада Баерн.

 

Најново во Меѓународен Фудбал