Блокотехна ангажира нов играч од САД

Браун за подобри статистички бројки на Блокотехна!

Американецот Роберт Браун (26 год, 196 см), доаѓа во клубот од Негорци со добро универзитетско педигре, но и искуство од играње во Европа.

објавено: 13 август 2018 - 13:11

Станува збор за кошаркар кој игра на позицијата бек-шутер и кој треба да биде едно од главните офанзивни оружја на тренерот Марјан Илиевски.

Во последната година од колеџ-кариерата во Универзитетот Алабама просечно погодуваше за просек од 14 поени.
Во Европа пак, Браун играше за кипарски АПОЕЛ во сезоната 2016/17, каде што во домашното првенство имаше просек од 10,4 поени, 2,7 скока и 3,1 асистенција, а минатата сезона пак ја мина во унгарскиот Јашберени.

 

Најново во Кошарка