НОВ ГОЛ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАДЕЖ ВО ДРЕСОТ НА „СТАРАТА ДАМА“

Секулов стрелаше во голеадата на Јувентус

Во првиот пријателски натпревар како дел од подготовките за новата сезона 2018/19, висок триумф за идните носители на играта на италијанскиот шампион.

објавено: 13 август 2018 - 14:30

На контролниот меч У17 тимот на Јувентус славеше убедливо со резултат 8:0 против јуниорите на Бра во спортскиот центар на Виново.

Хет-трик забележа Марко Да Граца (нов напаѓач кој дојде од Палермо), а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Стерантино, македонскиот интернационалец Никола Секулов, Питавино, Попа и Х'Медет.

Како што претходно објавивме Секулов е подготвен за третата сезона во дресот на Јувентус, тоа и веќе го потврдува, тренерот на У17 Јувентус Педоне, им даде шанса на сите да настапат во овој пријателски меч.

Најново во Фудбал