Вардар и Рајн Некар Левен не се споредуваат

Абутовиќ: Овде не може да оставиш ни парче пица во кутијата...

„Тоа се два различни системи, тоа не се споредува" – признава големиот борец по рпеселбата во Германија.

објавено: 13 август 2018 - 15:55

Илија Абутовиќ по седум години поминати во Вардар, летово се пресели во Рајн Некар Левен. Со Вардар лани ја освои титулата во Лигата на шампионите, а со „лавовите" во Германија тргнува во нови предизвици.

Вели дека се уште се привикнува на новата средина и на системот на игра во Рајн Некар Левен во кој, како што е познато, ќе настапува заедно со македонскиот репрезентативец, Филип Талески.

Јасно е и тоа дека со трансферот на Абутовиќ, тренерот на РНЛ Николај Јакобсен доби важна алка во одбраната. И дека дефанзива во која ги има на располагање Абутовиќ, Јеспре Нилсен, Гидеон Гвардиола, плус и нашиот Талески кој исто така добро се снаоѓа во дефанзивните задачи, Рајн Некар Левен ќе биде проблем за секој противник во Бундеслигата.
Во интервјуто за официјалниот сајт на Рајн некар Левен, големиот борец истакнува дека одбраната на „лавовите" е многу поразлична од она што го практикуваа „вардарци" со кои помина цели седум години.

"Тоа се два различни системи, тоа не се споредува" – вели Абутовиќ, кој посебно ја издвојува 2017 година кога Вардар ја освои титулата во ЛШ, а составен дел на таа „слика„ дефинитивно е пречекот во Скопје.

По сите тие години, седум од нив во Скопје, поминати на Балканот, за Абутовиќ преселбата во Германија претставувала вистински културен шок. Го апострофира дисциплинираниот однос на Германците, пред се...

„На пример со ѓубрето. Овде не може да оставиш ни парче пица во кутијата. Друга работа, овде за сите е важна точноста и дисциплината" – потенцира Абутовиќ.

Инаку, Рајн Некар Левен и Вардар ќе играат во иста група во Лигата на шампионите, а Абутовиќ со „лавовите" ќе гостува во Скопје во 4.коло, кое е на распоредот на 6 октомври.

Најново во Ракомет