МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР НАПРИЕМ ВО ГОЛЕМА СПОРТСКА ИНСТИТУЦИЈА

Ангеловски во посета на Мармарис Универзитетот во Истанбул (ФОТО)

Посетата во Истанбул, селекторот на Македониија, Игор Ангеловски ја искористи и за посета на еден од најголемите спортски универзитети во оваа земја.

објавено: 13 август 2018 - 16:40

Посетата во Истанбул, каде во преден план беше контролата на спремноста на двајцата наши млади репрезентативци кои играат во Турција, Елиф Елмаз и Јани Атанасов, селекторот на Македониија, Игор Ангеловски ја искористи и за посета на еден од најголемите спортски универизитети во оваа земја.

Ангеловски наиде на срдечен прием од страна на деканот на оваа високообразовна институција, и во оваа прилика популарниот „Мрме" испрати покана до раководниот тим на Универзитетот Мармарис во некоја следна прилика да се сретнат во Скопје.

Најново во Фудбал