ФУДБАЛЕРОТ НА ХРВАТСКАТА ИСТРА ОСТАНУВА ВЕРЕН НА МАКЕДОНИЈА

Агрон Руфати одби да игра за Албанија

Како што пренесуваат албанските медиуми, Агрон Руфати одбил да настапува за тамошната млада национална селекција и останува верен на нашата земја.

објавено: 13 август 2018 - 19:34

Селекторот на У21 селекцијата на Албанија, Албан Буши посакал да се обезбедат услугите на Руфати, но бил одбиен. Воедно и таткото на фудбалерот инсистирал и изразил желба да остане играчот во Македонија и да настапува за У19 надежите.

Така, останува Руфати да ги брани барем засега боите на У19 македонската фудбалска репрезентација за која настапуваше во квалификациите за ЕП, а годинава беше повикан и од У21.

Да потсетиме, ова лето 19-годишниот одбранбен фудбалер како позајмица од шпанскиот тим на Алавес се пресели во хрватската екипа на Истра.

Претходно објавивме дека членот на украинскиот клуб Мариупол, дефанзивецот Бесир Демири одлучил да настапува за сениорската репрезентација на Албанија. Повеќе прочитајте ТУКА

Најново во Фудбал