ТИТО НЕ САКА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЕВРОПСКИОТ ИНТЕРЕС ЗА МАКЕДОНЕЦОТ

Леванте ја користи опцијата за нов договор со Енис Барди!

На презентацијата на новиот напаѓач на шпанскиот клуб, Рафаел Двамена, спортскиот директор Висенте Бланко „Тито" говореше околу статусот на нашиот репрезентативец.

објавено: 14 август 2018 - 08:00

Неодамна си замина еден од највредните играчи во тимот, Колумбиецот Џеферсон Лерма во редовите на Борнмут, па веќе започнуваат поголеми активностите во летниот преоден рок кој што завршува официјално на 31. август во Шпанија.

Како што и самите најавуваат од Валенсија, можни се нови засилувања, заминувања и продолжување на договорите со играчите. Во оваа трета категорија е Барди чија отштетна клаузула ќе се обидат да ја зголемат, пред да порасне уште повеќе бројот на заинтересирани клубови од Европа.

 

Барди има важечки договор со Леванте до 30. јуни 2020. година со опција за продолжување на истиот на уште две години. Токму таа опција сака ова лето да ја искористи Леванте, и спортскиот директор „Тито" запрашан околу статусот на Барди одговори:

„Имаме опција во неговиот договор за продолжување на истиот на повеќе години, се е договорено. Веќе контактиравме со него да го потпише договорот", рече „Тито" за шпанските медиуми.

-ДВЕ ПОНУДИ ОД ТУРЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ-

После завршувањето на првата сезона лани во дресот на Леванте го привлече вниманието со неговите фантастични слободни удари, статистички веднаш зад Лионел Меси, ѕвездата на Барселона.

Бешикташ најпрвин кон крајот на јуни изрази желба за обезбедување на услугите на македонскиот репрезентативец. После еден и пол месец, оваа екипа повторно го „мерка" играчот на Леванте. Информациите велат дека ако овој турски гигант успее да обезбеди пласман во групите на Лига Европа, ќе тргне со сите сили да го доведе Енис Барди.

Бешикташ се наоѓа во групата на носители и само плеј-офот ќе му биде последна пречка за влез во групите на ЛЕ. Турците би можеле да бидат блиску до актуелната клаузула од 25. милиони евра, но таа била можела да биде уште поголема. Повеќе прочитајте ТУКА

Се шпекулира дека уште еден турски тим покажува интерес нашиот интернационалец. Станува збор за Бујукшехир Беледије Ерзурумспор кој исто така настапува во најсилната Суперлига на Турција и подготвени да платат помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Најново во Фудбал