ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ИЗЈАВА ОКОЛУ НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ

Шилегов: Град Скопје е сопственик на 51 отсто од ФК Вардар!

„Известен сум од луѓето, кои сега ја имаат таа сопственост која Градот им ја отстапил, дека најверојатно во идниот период ќе се откажат" истакна Петре Шилегов

објавено: 14 август 2018 - 12:04

Многу шпекулации, секако разни струи и желби околу тоа кој ќе го преземе ФК Вардар. На големо се говори дека нашиот најтрофеен клуб наскоро ќе се врати под „капата" на Град Скопје.

Денеска, во врска со тие најави, на новинарско прашање, градоначалникот Петре Шилегов одговори:

„ФК Вардар е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека веројатно во идниот период ќе се откажат од таа работа. Официјално кога ќе седнеме да разговараме јавноста ќе биде известена".

Значи допрва ќе се знае, секако официјално, дали ФК Вардар се враќа под Градот Скопје.

Најново во Фудбал