ГЕВГЕЛИЧАНИ НАЈДОА И ЦЕНТАРСКО РЕШЕНИЕ

Гаидис ќе го штити рекетот на Блокотехна (ВИДЕО)

Литванскиот интернационалец Повилас Гаидис (199год-208сма), ќе биде центарското дополнение во составот на Марјан Илиевски за следната сезона.

објавено: 15 август 2018 - 09:45

Блокотехна стави уште едно парче во мозаикот наречен „следна сезона". Ново име во екипаата од Негорски бањи е литванско.

Се вика Повилас, а презива Гаидис. Роден е 1991 година, а е висок 208 сантиметри.

Освен овие основни параметри, стои и тоа дека Гаидис во Блокотехна доаѓа од австрискиот Гмунден каде ги одработел последните три сезони. Една година пред тоа бил во уште едне австриски прволигаш – Грац.
Во онаа последната, одиграл 39. натпревари, а притоа во просек реализирал по 7.7 поени и 4.8 скока но со одлична реализација во пшутот а три поени (46.8%), и нешто повисока за два (50.8%).

 

Најново во Кошарка