СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ ЗА ТУРСКИТЕ МЕДИУМИ

Елмас откриен за 500 евра

Селекторот е во Турција каде што ги следи настапите на македонскиот репрезентативец во редовите на Фенербахче.

објавено: 15 август 2018 - 17:00

Игор Ангеловски беше на трибините гледајќи го дуелот од турската Суперлига меѓу Фенербахче и Бурсаспор, а секако со внимание го следеше и целиот негов меч против Бенфика во рамките од квалификациите за ЛШ.

Стратегот на нашата национална селекција за турските медиуми сподели една интересна приказна кога станува збор околу еден од најголемите македонски фудбалски таленти или „Дијамантот" Елиф Елмас (18). Тогаш вредел 500 евра, а сега милиони:

Тогаш, како спортски директор на Работнички, Ангеловски го открил големиот талент Елмас на 11. годишна возраст од „Тефејуз", турско основно училиште.

„Го убедував претседателот на школото да го купам Елиф, не беше лесно на почетокот, но на крајот се договоривме за 500 евра и така открив еден голем фудбалски талент. Откако станав технички директор во клубот, на 16. годишна возраст го поставив во стартните 11, а потоа дебитираше и во националниот тим на 17. години" - вели Ангеловски за турските медиуми.

Ангеловски верува во иднината на Елиф Елмас...

„Ова е вистинскиот пат за Елиф. Му направив трансфер, стана професионален фудбалер во националниот тим. Неговиот татко исто така беше фудбалер, пораснал во едно одлично семејство, па оттука и самите квалитети. Навистина му верувам на Елмас, многу е правичен. Посакувам еден ден да биде во дресот на Реал Мадрид, Барселона, но сега е тој во Фенербахче, па нека биде лидер во редовите на турскиот гигант"- додаде Ангеловски.

Најново во Фудбал