ОФИЦИЈАЛНО ОБЈАВЕН КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА 2018/2019

РАСПОРЕД ЗА СЕХА: Вардар почнува со Металург, па ќе го пречека „Вујо мајсторе“!

Познат е календарот на сите натпревари од регуларниот дел од СЕХА Газпром лигата во новата сезона 2018/2019 (осмо издание) од ова ракометно натпреварување.

објавено: 16 август 2018 - 14:53

Како што и претходно најави тимот од „Автокоманда", македонско дерби на стартот, Металург во првото коло ќе го пречека бранителот на трофејот Вардар.

Дербито ќе се ира во „Борис Трајковски" - Скопје на 29. август (17:15 ч.), а како што веќе објавивме нов учесник е Стеауа од Романија кој ќе дебитира дома против Татран Прешов од Словачка.

Во второто коло Вардарци на 4. септември од 20:15 часот ќе ги одмерат силите против својот поранешен тренер Веселин Вујовиќ кој го води Железничар од Ниш (Србија), додека Металург на Данило Брестовац истиот ден, но од 17:15 часот ќе гостува во Белорусија кај Мешков Брест.

1. КОЛО СЕХА ЛИГА

28. август Стеауа Букурешт-Татран Прешов (17:15 ч.)
28. август Железничар Ниш-Војводина (20:45 ч.)
29. август Извиѓач-Мешков Брест (17:15 ч.)
29. август Металург-Вардар (17:15 ч.)
29. август Нексе-ППД Загреб (19:00 ч.)

ЦЕЛОСНИОТ РАСПОРЕД ЗА НОВАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2018/2019 МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Ракомет