СЕГА БАРА ПРОШКА...

Имал секс со родената сестра, тетка, а мајка му била жртва на црна магија (ВИДЕО)

Ѕвездата на африканскиот фудбал Шива Нзигу го шокираше целиот свет со скандалозната животна приказна која ја „раскажал" за време на една миса во црква, кога сите присутни ги замоли да му простат...

објавено: 17 август 2018 - 17:30

Габонецот кој е попознат по прекарот „Стар", пред крајот на деведесетите години имал одлична прилика да стане голема фудбалска ѕвезда, но не ја искористил...

Веќе со 16 години, овој африкански фудбалер го привлекол вниманието на стручњаците, заигра во Лигата на Шампионите, а во историјата на африканскиот фудбал се запиша и на Купот на Африканските нации во 2000 година.
За жал, иако ветуваше многу, на крајот неговата приказна заврши со „талкање" по нисколигашите од Франција и Белгија.
И за да дојде до некој договор, прво го криел бројот на годините.


Покрај тоа, неговата мајка била жртвувана во обред на „црна магија", за да успее во фудбалот, наводно...
Но жртвата била залудна, затоа што за тоа време Шива, наместо упорно да тренира, се запознавал со тајните на сексот, и тоа со родената сестра, тетка, па дури и некои пријатели!?
Сето оваа поранешниот фудбалер го признал пред десетина сведоци во една црква, а снимката го обиколи целиот свет.

„Лажев дека имам пет години помалку отколку што имав во реалноста за полесно да успеам во конкуренцијата со помладите. Како фудбалер потпишав доста вносни договори, за да му донесам повеќе пари на семејството. Но заедно со тоа се случи страшен раздор. За да ги задржи сите пари мојот татко ја жртвуваше мојата мајка во обред на црна магија"- вели човекот кој во меѓувреме влегол помеѓу христијаните и се прекрстил во Ајзеја.

„Во тоа време имав сексуални односи со својата тетка, родената сестра, и со еден близок пријател, а потоа влегов и во една друга врска, со друго машко. Ве молам, простете ми" - рече фудбалерот и сите ги остави во шок.

 

Најново во Другата страна на спортот