УСПЕШЕН СТАРТ ИМА ТИМОТ ВО НОВАТА СЕЗОНА 2018/19

„Три од три“ во Бундеслигата: Хет-трик на Чурлинов во триумфот на Келн!

И во третиот натпревар од новата сезона во јуниорската Бундеслига - Запад за играчи до 19. години триумфираше составот на Келн.

објавено: 19 август 2018 - 15:15

На домашен терен тимот ја оправда фаворитската улога совладувајќи го Оберхаузен со конечен резултат 4:0, на полувремето беше 2:0.

Најзаслужен за новиот триумф оваа сезона беше македонскиот У19 Дарко Чурлинов кој ги постигна првите три гола, односно забележа хет-трик.

Своите погодоци нашиот 18-годишен интернационалец ги реализираше во 16., 37. и 55. минута од средбата. Сега на табелата во А-јуниорската Бундеслига (Запад) со по максимални девет бодови водат У19 Борусија Дортмунд, У19 Келн и У19 Бохум.

Најново во Фудбал