ДВЕ СРЕДБИ ОД 16-ФИНАЛЕТО ВО КУПОТ ОДЛОЖЕНИ

Шкендија и Победа нешто подоцна во Гевгелија и Струга

Второлигашот Струга Трим Лум поради зафатеност на стадионот ќе ги нагости прилепчани на 29 август, а Кожув поради европски обврски на шампионот ќе го пречека на 5 септември

објавено: 21 август 2018 - 13:30

Два од утрешните 16-финалените натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија, Струга Трим Лум – Победа и Кожув – Шкендија нема да се одиграат во редовниот термин. Истите се одложени за подоцна поради зафатеност на стадионот во Струга, односно евро-обврски на шампионот Шкендија во плеј офот од Лига Европа.

СТРУЖАНИ ДОМАЌИНИ НА 29 АВГУСТ
На Градскиот стадионот во Струга предност во редовниот термин одредена за Купот на Македонија, да го одигра својот натпреавр доби второлигашот Лабуништа, кој утре ќе го пречека прволигашот Академија Пандев. Овој стадион за домашен терен го користат двата второлигаши од овој регион. Затоа вториот лигаш од овој град, Струга Трим Лум ќе ја нагости прилепска Победа на 29 авгсут.
За нешто подoцна, 5 септември е одложена средбата Кожув – Шкендија која треба да се одигра во Гевгелија. Актуелниот шампион Шкендија сеуште има еврообврски со настапите во плеј офот за пласман во Лига Европа против норвешкиот Розенборг, па затоа откако ќе заврши со овие настапи ќе треба да гостува во Гевгелија.

ВО 16 ФИНАЛЕТО ЌЕ СЕ ИГРААТ 15 НАТПРЕВAРИ
Поради недоволен број на пријавени екипи, за настап во 16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија, ќе се играат 15. наместо 16 натпреаври. Во оваа елиминаторна рунда се игра по еден меч без реванш, а нема ни продолжнеија, ако случајно мечевите завршат без победник. Веднаш се изведуваат пенали. Подоброрангираните, односно сите прволигаши и најдоброплaсираните второлигаши како фаворити во полудиригираната ждрепка добија ривали на кои ќе гостуваат кај послабопалсираните вторлигаши и пријавените претставници од ОФС кои прифатија да играат во завршницата од најмасовното натпреварување.

Најново во Фудбал