„ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“ НЕ ЈА ПОЧНАА НАЈДОБРО СЕЗОНАТА ВО АНГЛИЈА

ЗЛАТНАТА ЛИСТА: Кој ќе го замени Мурињо во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед не ја отвори баш најдобро новата сезона во Премиерлигата, а ситуацијата не е најдобра после поразот на гости кај Брајтон (3:2).

објавено: 23 август 2018 - 08:30

„Црвените ѓаволи" беа фаворити во овој дуел, но ги разочараа своите навивачи со една очајна игра. Веднаш лавина критики за Жозе Мурињо, а британските медиуми веќе шпекулираат дека португалскиот менаџер многу брзо ќе добие отказ.

На листата потенцијални замени како наследник на Мурињо се наоѓаат: Маурицио Покетино, Зинедин Зидан, Рајан Гигс, Лорен Блан и Антонио Конте.

Најмногу шанси му се даваат на Зидан кој фановите на Јунајтед го посакуваат Французинот да дојде на „Олд Трафорд".

Најново во Меѓународен Фудбал