ОФИЦИЈАЛНИОТ ТРЕНИНГ НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН НА „ЛЕРКЕНДАЛ“

Нека започне европската есен на Шкендија од Трондхајм!! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Избраниците на тренерот Ќатип Османи трет пат по ред ќе играат во плеј-офот на Лига Европа, во првите два обиди преголеми пречки беа Гент и Милан, дали можеби Розенборг ќе послужи како „трета среќа"?

Нашите шампиони веќе се во Трондхајм, го имаа и официјалниот тренинг пред првите 90. минути в четврток (20:45 ч.) против норвешкиот претставник кој на хартија ја има фаворитската улога, но и тие се свесни нема да им биде лесно против тетовските „црвено-црни".

Останува да се види дали Шкендија од „Леркендал" стадионот ќе ни најави европска есен, се испише нова страница во историјата на македонскиот фудбал, останува да видиме...

објавено: 22 август 2018 - 23:25