Очекувано, Раул Гонзалез и неговиот ПСЖ немаа проблем на првиот дуел на меѓународниот турнир кој се одржува во Стразбур. Македонскиот селектор и екс-стратег на Вардар забележаа убедлива победа на мечот против Мешков Брест совладувајќи го со 35-29 (17-14). За Гонзалез како стратег на францускиот тим ова е втора победа во подготовките во новата сезона, по Алборг.
За првпат по заминувањето од таборот на македонскиот шампион, Раул и Вардар ќе се најдат на спротивната страна на теренот, дуелот меѓу „светците“ и „црвено-црните“ е закажан со почеток во 20:30 часот.
Вечерва љубителите на ракометот во Стразбур ќе го проследат дуелот меѓу европскиот првак, Монпелје и вицепрвакот, Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.