КАПА ДОЛЕ ГОЛЕМ ЧОВЕКУ

ТОА Е РАУЛ: Го научи македонскиот јазик, а сега го „барата“ францускиот (ВИДЕО)

Раул Гонзалез е вистински пример за секој професионалец. Ние во Македонија, ова најдобро го знаеме...Шпанскиот стратег веќе на големо ги освојува срцата на фановите на ПСЖ, за кратко време не само што успеа да го совлада францускиот јазик, тој веќе дава изјави на истиот јазик. 

„Мора да продолжиме да работиме во овој ритам, не треба многу да менуваме“, изјави Шпанецот, кој утре ќе се соочи со Вардар, тимот кој му донесе слава и тимот на кого му го донесе златниот медал во ЛШ.