ИСКУСНИОТ ГОЛМАН НАЈАВУВА НОВА ОДЛИЧНА СЕЗОНА

Кој друг, ако не Штербик: Со 18 одбрани царуваше на голот на Веспрем

Арпад Штербик е причината за поради која Веспрем со победа тргна на меѓународниот турнир во Стразбур. 

објавено: 24 август 2018 - 20:48

Дефинитивно годините не се пречка за Арпад Штербик. Искусниот голман продолжи онаму каде што застана, но за жал овој пат во дресот на Веспрем. Унгарскиот тим на својата официјална страница ја објави статистиката од дуелот со Нант, на кој славеше со 28:24. 

Главниот збор го имал токму Штербик, натпреварот го заврши со 18 интервенции. Дејан Манасков не успеа да се запише во листата на стрелци, додека пак на другата страна Кирил Лазаров имаше четири гола од девет обиди. 

Во моментов во Стразбур се игра средбата меѓу Вардар и ПСЖ. 

Најново во Ракомет