СТОЛЕ ЌЕ БРАНИ ВО ЛА ЛИГА

МАРКА: Рајо и Хуеска во „трка“ по Димитриевски

Според еден од највлијателните весници во Европа, Рајо Ваљекано е прва опција за нашиот голман, но сега во „игра" е и Хуеска.

објавено: 24 август 2018 - 21:21

Се чини дека само прашање на часови е кога Столе Димитриевски и официјално ќе си замине од Гимнастик Тарагона и ќе потпише за клуб од Ла Лига. Имено како што објавува „Марка", Рајо Ваљекано бил прва опција за нашиот голман, преговорите биле во тек, односно се разгиварало за деталите. Сепак потпис се уште нема, и тоа само поради фактот дека во „трката" за Македонецот се приклучила и Хуеска, исто така клуб од Ла Лига.

Големи биле шансите Столе да се пресели во клубот од истоимениот град, зошто понудата од Хуеска била најдобра.

На Столе е да реши каде ќе ја продолжи кариерата, дали во Мадрид, Хуеска или Барселона, зошто според „Марка", Еспањол се уште дефинитивно не се откажал од потписот на Димитриевски.

Најново во Фудбал