ДОБРО ГИ ПОЗНАВА НЕГОВИТЕ КВАЛИТЕТИ

Мекинро верува во Србинот: Новак може да го освои Њујорк, а потоа уште четири-пет Грен слема

Легендарниот американски тенисер смета дека Новак Ѓоковиќ „се вратил таму каде што бил и порано" пред повредата, и дека со право се смета за еден од главните фаворити на УС Опен во Њујорк.

објавено: 25 август 2018 - 16:00

Српскиот тенисер триумфираше на Вимблдон, негова прва Грен слем титула во изминатите две години, а потоа со освојуавњето на турнирот во Синсинати, го комплетираше „златниот Мастерс".

„Ѓоковиќ повторно го има оној пламен во очите. Ако го задржи, верувам дека ќе освои уште големи титули" – вели Џон Мекинро за ситуацијата во која се најде популарниот Ноле.

„Се виде тоа и на Вимблдон, уште кога играше против Едмунд, дека се враќа таму каде што му е и местото. Тој е еден од најголемите играчи кои се занимаваат со овој спорт, па затоа од него треба да очекуваме уште титули. Ќе видиме што ќе се случи, меѓутоа од оваа гледна точка се чини дека може да го освои и вториот Грен слем оваа година, а потоа уште три, четири или пет...".

Турнирот во Њујорк стартува на 27. август.

 

Најново во Други спортови