ТОТАЛНО РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД НАШИОТ ЖЕНСКИ КАДЕТСКИ ТИМ

КАТАСТРОФАТА Е КОМПЛЕТИРАНА: Загубија и од Косово!

Подобро и да не беа пријавени, ниту пак да патуваа за Подгорица, и да се срамат по седумте порази во исто толку натпревари и 22. место од 23 учесници во оваа конкуренција за кошаркарки „Под 16" години...

објавено: 25 август 2018 - 15:00

Подобро и да не беа пријавени, ниту пак да патуваа за Подгорица, и да се срамат по седумте порази во исто толку натпревари и 22. место од 23 учесници во оваа конкуренција за кошаркарки „Под 16" години...
И тоа го дочекавме...
Македонија – Косово 49:64 (12-8: 8-19; 11-24; 18-13)
Срамота за сите оние македонски претставници на ЕП од Дивизијата „Б" за кошаркарки „Под 16" години.
Од селекторот Стојна Вангеловска, па се до последниот кој се појавија на паркетите во салите во Подгорица во овие изминати десет дена.
И да сакаме, поинаку не можеме да го опишеме тој момент – засрамувачки, понижувачки...
Поинаку кажано. 22 место ви Дивизијата „Б".

Зошто отиде да игра нашата женска кадетска селекција на првенството во Подгорица.
Да собира искуство, или да се срамат со своите настапи во текот на шампионатот?
И за сето то да кулминира со пораз, уште еден во низата, сега и од селекцијата на Косово.
Да да, селекцијата која „функционира" само година-две, и која го комплетираше катастрофалното издание на оваа наша женска селекција, единствената пријавена во овој летен евро-циклус.
А подобро да не беше...
Седум натпревари – седум порази – позиција број 22 во втората женска кадетска лига.
Зад нашата, само уште селекцијата на Албанија, само затоа што тие немаа шанса да играат за некоја погорна позиција. Беа уште полоши од македонската кадетска репрезентација.
Ќе има ли коктел и за кадетките, или подготвени се отказните решенија за оние кои го креираа сето ова?
МКФ НА ПОТЕГ...

РЕЗУЛТАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПОДГОРИЦА
ГРУПНА ФАЗА
МАКЕДОНИЈА – В. Британија 44:53
Грција – МАКЕДОНИЈА 83:41
Шведска – МАКЕДОНИЈА 62:41
МАКЕДОНИЈА – Црна Гора 48:68
Исланд – МАКЕДОНИЈА 64:55
ЗА ПЛАСМАН (17-23 МЕСТО)
МАКЕДОНИЈА – Бугарија 58:73
МАКЕДОНИЈА – Косово 49:64

 

Најново во Кошарка