БРИТАНЕЦОТ НА ПОЛ-ПОЗИЦИЈАТА ВО БЕЛГИЈА

Луис најдобро се чувствува на патеката во Спа

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Белгија, 13. трка од шампионатот на Формула 1 во оваа сезона

објавено: 25 август 2018 - 16:27

До своето шесто најдобро стартно време во оваа сезона, или вкупно 79. Во кариерата, Британецот дојде со неверојатен круг кој го извои на патеката „Спа Франкошамп", во време од 1:58.179 минути.
Во борбата за најдобро време во квалификациите, актуелниот шампион беше за нешто повеќе од седум десетинки побрз од Себастијан Фетел во болидот на Ферари.
Најблиску до нив беше пак возачот на Форс Индија, Естебан Окон, кој беше нешто повеќе од две и пол секунди зад времето на лидерот во генералниот пласман.

 

Најново во Авто-мото