НА ПОСЛЕДНИОТ ПРЕМИЕРЛИГАШКИ МЕЧ В САБОТА ОДИГРАН НА ЕНФИЛД

Ливерпул не знае да прими гол, „фараонот“ го „скрши“ Брајтон! (ВИДЕО)

Во третото коло од најсилното англиско првенство, составот на Јирген Клоп минимално го совлада тимот на Брајтон (1-0).

објавено: 25 август 2018 - 20:42

Ова е трета победа по ред за Ливерпул од почетокот на оваа сезона во Премиерлигата, најзаслужен за тоа беше Мохамед Салах после асистенцијата на Фирмино во 23. минута од средбата.

Во второто полувреме видовме нешто помирна игра, но како што се приближуваше крајот повторно бевме сведоци на нови возбудувања.

Денеска дефинитивно не беше ден за младиот Арнолд кој успеа да ја погоди и стативата, што можеше да казни Грос во 89. минута кога Алисон одлично интервенираше на топката која отиде во корнер.

На табелата водат Редси во некомплетната рунда со девет бодови, додека Бјратон е на 12. позиција со три и една единствена победа.

Ова е перфектен старт за „црвените", триумфираа на првите три меча од сезоната без примен гол, што е за прв пат од сезоната 2013/14.

Најново во Меѓународен Фудбал