ЗАТОА Е НАЈГОЛЕМ

ФЕДЕРЕР: Му благодарам на Бога што ги имам Рафа, Новак и Енди!

Швајцарецот смета дека големи заслуги за неговите успеси и долговечност на АТП турот имаат неговите најголеми конкуренти...

објавено: 27 август 2018 - 12:00

Сопственикот на 20 Грен слем титули дека тие големи ривалства се исклучително битни за спортот.

„Прво се појави Надал, и сериозно ми го комплицираше животот. Веднаш не се помирив со фактот дека тој долго време ќе ми биде ривал. Подоцна, нашето ривалство ми помогна да станам уште посилен. Истото се случи и со Ѓоковиќ и со Мареј. Верувам дека такви ривалства во спортот се многу важни.Тие придонесуваат за поуларизацијата на играта затоа што тоа не може да се направи како единка. Му благодарам на Бога што имав, и што сеуште имам такви противници на теренот"- рече Федерер во пресрет на четврттиот Грен слем во сезоната, УС Опен кој стартува утре во Њујорк.

„Федекс" откри и кога за прв пат помислил дека би можел да стане најдобриот играч на светот.

„Пораснав во Базел, се родив и живеев таму до 14.година. Кога за прв пат сфатив дека би можел да постигнам нешто во тенисот? Кога во 1998 година станав прв рекет на светот во јуниорска конкуренција. Тогаш помислив дека можам да постигнам многу, да бидам број едне на АТП турот"- истакна Швајцарецот, кој во првото коло на турнирот во „Големото јаболко", ќе се сретне со Јапонецот Јошихито Нишиока, а веќе во четвртфиналето е можно „дерби" против Нопвак Ѓоковиќ.

Најново во Други спортови