ЈА ЗАБЕЛЕЖА ПЕТТАТА ПОБЕДА ОВАА СЕЗОНА

Ф1: Триумф во Белгија, Фетел се враќа во игра за титулата! (ФОТО)

Себастијан Фетел успеа да слави во Спа Франкошамп, пред Луис Хамилтон, кој не ја искористи пол позицијата од квалификациите.

објавено: 26 август 2018 - 17:15

Клучниот момент се случи уште во првиот круг, кога возачот на Ферари го престигна својот конкурент во борбата за титулата и до крајот на трката ја задржа првата позиција. На третото место на подиумот се најде Макс Ферштапен.

Следуваат Валтери Ботас како четвртопласиран, пред фантастичното дуо на Форс Индија, Перез и Окон. Бодови освоија уште Хас, Грожан, Магнусен, Гасли и Ериксон.

Во генералниот пласман води и понатаму Хамилтон со 231 бод, но сега само 17 повеќе од Фетел, а далеку зад нив е Раиконен (146).

-АЛОНСО СО ГОЛЕМ СУДИР ЈА ЗАВРШУВА КАРИЕРАТА ВО ФОРМУЛА 1-

Фернандо Алонсо доживеа судир на самиот почеток од трката за Големата награда на Белгија. Шпанскиот возач на Ф1 претходно најави дека оваа ќе му биде последната трка во кариерата, а откако е завршена со судир, се чини дека Алонсо нема по добро да го памети самиот крај на својата кариера.

37-годишниот Алонсо двапати беше светски шампион во Формула 1, а во кариерата оствари 32. победи. 22 пати ја освојуваше пол позицијата, а последен пат славеше во 2013. година на ГН Шпанија.

Најново во Авто-мото