УСПЕШЕН НАСТАП НА НАШИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ ВО РОМАНИЈА

Македонските триатлонци со златни медали во Европскиот куп (ФОТО)

Македонските триатлонци имаа успешен настап на Европскиот јуниорски триатлон куп во Тулчеа, Романија.

објавено: 28 август 2018 - 20:00

Бојана Ѓорѓиеска ги освои првите свои ЕТУ поени во јуниорска категорија завземајки го 16. место од 20 натпреварувачки.

Во категоријата на кадети на отвореното триатлон првенство во Романија, нашите репрезентативци ги освоија следните места: Габриел Котевски - 4. место, Давид Мијалов - 5. место и Димитар Јованоски - 6. место од 21 натпреварувач во нивната категорија.

Најмладите триатлонци во категоријата на деца до 13 години ги завземаа следните позиции: Ева Здравева - 3. место, Јаков Грашковски - 6. место, Филип Стојковски - 12. место.

Во категоријата до 10 години:

Ангел Стојковски - 1. место, Здравко Здравев - 2. место.

Во категоријата до 9 години и помали: Јана Ѓорѓијевска - 1. место, Бобан Јаневски - 1. место, Марио Брезовски - 2. место и Огнен Ивановик - 3. место.

Во старосните категории настап имаа Елена Зисовска со освоено 1. место во својата возрасна група и Димитар Стојковски кој го освои 5. место во својата возрасна категорија.

Најново во Други спортови