ЛАНИ ДО ТРОФЕЈОТ СТИГНАА СТИВЕНС И НАДАЛ

Кои се најголемите фаворити за освојување на „УС Опен“?

Денеска официјално започнува новиот Грен слем сезонава во Њујорк, „УС Опен" каде што титулата кај мажите ја брани Рафаел Надал, а во женска конкуренција Слоан Стивенс од САД.

објавено: 27 август 2018 - 16:30

Иако е дури шести носител, Новак Ѓоковиќ спрема светските обложувалници е главен фаворит да го освои „УС Опен". Според „Вилијам Хил", за титула на Ѓоковиќ има квота 3,25, потоа на Рафаел Надал (4,5), а на Роџер Федерер (6).

Следуваат Александар Зверев (10), Хуан Мартин дел Потро (15), Марин Чилиќ (17), Енди Мареј (26)...

Кај жените најмногу шанси за освојување на трофејот им се даваат на Серена Вилијамс и Симона Халеп кои имаат квота 7.

Зад нив се Анѓелик Кербер (8,5), Слоан Стивенс (11), Гарбиње Мугуруза и Петра Квитова по 15.

Најново во Други спортови