НЕ НАЈДОА ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК

„ТЕАТАР НА СОНИШТАТА“: Мурињо и Вудворд во „војна“ поради Марсијал!

Манчестер Јунајтед беше поразен на домашен терен во дербито на третото коло од Премиерлигата од Тотенхем со 3:0.

објавено: 28 август 2018 - 12:30

Агонијата на Јунајтед продолжи после тешкиот пораз од Тотенхем кој во второто полувреме ги „потопи" црвените ѓаволи. Мислењето на англиската јавност е дека Жозе Мурињо нема да остане уште долго на „Олд Трафорд", бидејќи не е во добри односи со челниците на клубот.

Познато е тоа дека Мурињо е во „војна" со потпретседателот Ед Вудворд кој од трибините го следеше поразот на неговиот клуб. Мурињо и Вудворд се судрија ова лето поради можни трансфери, затоа што Португалецот не водеше главен збор околу таа тема, односно не можеше ниту да купи или продаде фудбалери по негова желба.

Мурињо јасно им кажал на клупските лидери дека треба да го продадат Ентони Марсијал ова лето и да вложат пари од трансферот со цел да се ангажираат играчи кои би биле идеални за овој тим. Сепак, Вудворд изјави дека од продажба на Французинот нема да биде ништо, верува дека тој може да биде еден од најдобрите играчи на овој клуб.

Мурињо сакаше да го продаде Марсијал на Милан или Атлетико Мадрид кои веќе испратиле понуди. Но, тогаш на сцена стапил Вудворд кој му кажа на Мурињо дека Марсијал не треба да се продаде што го налути португалскиот менаџер. Односите меѓу Мурињо и Вудборд не се добри и ќе биде интересно да се види што ќе се случува наредните денови на „Театарот на соништата".

Најново во Меѓународен Фудбал