НА ПРВИОТ ОД ДВАТА КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ

Македонија без голови против Косово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската женска А репрезентација предводена од селекторот Кирил Изов на тренинг центарот „Петар Милошевски" го одигра првиот од двата контролни натпревари против репрезентацијата на Косово.

Мечот заврши без голови (0:0) со една добра игра од двете страни, беа забележани по пет-шест зицер ситуации за погодок. Стартниот состав на Македонија: Панчурова, Велевска, Колевска, Максути, Марковска, Јаковска, Чубриновска, Трајковска, Ангеловска, Мустафа, Николовска.

Според најавите вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат на 2. септември со почеток од 17:00 часот исто така на ФФМ тренинг центарот.

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 31 август 2018 - 00:21