ВТОРА УСПЕШНА КОНТРОЛА

МЗТ Скопје го реши Левски во првиот меч дома (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак, МЗТ Скопје го доби еден од двата дуели против Левски Лукоил (97-93). 

објавено: 31 август 2018 - 22:37

МЗТ Скопје славеше на една од двете предвидени пријателски средби со Левски Лукоил. Кошаркарите на македонскиот вицепрвак имаа дополнителен мотив, на трибините имаа поддршка од своите фанови, во својот прв меч пред домашната публика. 

Избраниците на Ѓорѓи Кочов тргнаа многу подобро во мечот, имаа и поубедливо водство, но на крајот славеа со 97-93 (25-24, 19-20, 28-16, 25-33). Најефикасен беше Медфорд со 21 поен, Бојиќ, Иванов и Вудард имаа по 15 поени, додека Симоновски 11 и Дамјан Стојановски постигнаа по 11.

МЗТ Скопје и Левски Лукоил утре (14 часот) ќе го одиграат вториот меч, но тој ќе биде од затворен карактер.

Тимот од Аеродром има две победи во подготовките, пред Левски Лукоил славеше против Гостивар на гостински терен. 

 

Најново во Кошарка