ВИЦЕПРВАКОТ ГИ ШТЕДЕШЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ

МЗТ Скопје поразен од Левски на втората контрола

Македонскиот вицепрвак, МЗТ Скопје го загуби вториот дуел со Левски Лукоил, беше поразен со 91-80. 

објавено: 1 септември 2018 - 16:57

Македонскиот вицепрвак, МЗТ Скопје го загуби вториот дуел со Левски Лукоил, беше поразен со 91-80. Овој меч беше затворен карактер, па според извештајот на официјалната страница на тимот од Аеродром, тренерот, Ѓорѓи Кочов им дал поголема минутажа на помладите во составот.

Репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Љубомир Младеновски, како и хрватскиот интернационалец Иве Иванов. На сметка на ова, сериозна шанса да покажат што знаат добија талентираните Леонид Тодоровски, Ранко Мамузиќ, Михајло Митев, Андреј Настовски и Лука Стојановски, а особено нешто повозрасниот Андреј Маслинко. Тие најмногу беа во игра во второто полувреме, кои сино-белите дури и го добија со 44-37.

Гостите триумфот го осигураа во втората четвртина, во која ептен им тргна шутот од далечина. Во останатите делови од мечот се играше рамноправно. Американецот Џејмс Вудард беше најефикасен со 14 поени, Андреј Маслинко реализира 12 поени со девет скока, додека Андрија Бојиќ реализира 10 поени. Младеновски беше стрелец на осум поени, Андреј Магдевски и Соколов постигнаа по седум поени, Лестер Медфорд запиша шест поени, а Мамузиќ добрата игра ја круниса со четири поени.

Ова беше трета контрола на МЗТ Скопје во рамките на подготовките за новата сезона. 

 

Најново во Кошарка