УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ ВО КАВАДАРЦИ

Сеишин со два медали од Балканијадата за сениори во џудо (ФОТО)

На Балканското првенство за Сениори во џудо во Кавадарци натпреварувачите на ЏК Сеишин Прилеп освоија два медали.

објавено: 2 септември 2018 - 21:15

На ова натпреварување, Александра Најдоска дојде до второто место во женска конкуренција, а Христијан Ѓураков беше третопласиран кај мажите.

Во спортската сала „Јасмин" освен од Македонија, има натпреварувачи уште од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Турција, Србија и Кипар.

Со пригодна културно уметничка програма и обраќањата на претседателот на џудо федерацијата на Македонија, господинот Зегљуљ Реџепи, претседателот на Балканската џудо асоцијација, господинот Драгомир Бечаровиќ, и градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, во Кавадарци и официјално беше отворена Балканијадата.

На вториот ден од Балканското првенство, екипно натпреварување, репрезентативците на Македонија го освоија второто место. Во составот беа и членовите на ЏК Сеишин Прилеп: 1. Марио Тошески, 2. Христијан Ѓураков, 3. Бобан Глигуроски, 4. Хрисијан Тошески и 5. Александра Најдоска.

Најново во Други спортови