ШАНСИТЕ СЕ ЗАГУБЕНИ, НО МОТИВОТ НЕ ПРЕД СРБИЈА И ЕРМЕНИЈА

Боли минатото, нека се врати самодовербата! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младите фудбалски надежи се подготвуваат за новите квалификациски натпревари против Србија (7. септември) и Ерменија (11. септември) за ЕП 2019. Целиот состав на македонската У21 репрезентација можете да го погледнете ТУКА

Како што и најави селекторот Добринко Илиевски главна задача во оваа фаза ќе биде да се врати самодовербата кај фудбалерите. Шансите за следниот континентален собир се загубени, но владее позитивна атмосфера.

Еден подмладен состав и на некој начин вовед за следниот квалификациски циклус и идните предизвици кои ја очекуваат оваа национална селекција.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 3 септември 2018 - 19:29