НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДЕН ГОЛГЕТЕРОТ НА „ЈОРГАНЏИИТЕ“

Гризман: Не ми е јасен изборот на ФИФА без Французи!

Антоан Гризман ја критикуваше Светската фудбалска федерација поради изборот на номираните за најдобар играч на светот, а помеѓу нив нема ниту еден од Франција која ова лето ја освои титулата на Мундијалот во Русија.

објавено: 5 септември 2018 - 18:30

За престижната награда на ФИФА за играч на годината се најдоа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах. Гризман се наоѓа во животна форма и затоа ова лето имаше понуда од Барселона, но тој остана верен на „јорганџиите".

„Чудно, штета...Трофејот се дели во изборот на ФИФА, така ли? Франција го освои Светското првенство, а нема Французи на листата. Разбирам дека тој е изборот, но за мене е изненадувачки. Заслужив да бидам помеѓу тројцата најдобри", се зборовите на Гризман за „Л'Екип", фудбалерот на Атлетико Мадрид.

Оваа година Гризман ги освои трофеите во Лига Европа и Суперкупот на Европа, индивидуално беше трет на СП зад Модриќ и Еден Азар. Играчот на шпанскиот клуб во 2016. беше во потесниот круг со Роналдо и Лионел Меси.

Најново во Меѓународен Фудбал