ВАРДАР РЕШИ ЕДЕН ПРОБЛЕМ

Кузмановски дефинитивно отпаѓа, Вардар најде замена за Горбок

Грегор Оцвирк, левиот бек на Словенија и сега веќе екс-член на Целје е замената за повредениот Сергеј Горбок. 

објавено: 5 септември 2018 - 17:45

Филип Кузмановски дефинитивно нема да го видиме во дресот на Вардар, барем оваа сезона. Како што најави Роберто Гарсија Парондо, клубот не бил во преговори со репрезентативецот, а потврдата за ова дојде денеска. Словенечките медиуми објавија дека Грегор Оцвирк веќе се договорил со македонскиот првак и деновиве треба да пристигне во Скопје.

Станува збор за играч кој беше најзаслужен за јуниорското злато на Словенија на последното Европско првенство. Поради несогласувања со управата на Целје околу новиот договор, Оцвирк бил ставен во втор план. Трансферот во Вардар е изненадувачки, бидејќи челниците на клубот не сакале да го дадат на позајмица, ниту пак да го продадат.

Останува овие денови „црвено-црните“ да го потврдат новото име и наскоро да решат проблемот со голманската позиција. 

Најново во Ракомет