Шпанецот во болидот на Тојота

Следна дестинација на Алонсо ќе биде ИндиКар!

Шпанскиот возач од тимот на Мекларен заедно со фабричкиот тим Тојота се појави и учествување во тестирањата во „ИндиКар" на патеката „Барбер Парк".

објавено: 7 септември 2018 - 09:30

Само една недела откако и официјално објави дека следната сезона заминува од Формула 1, некогашниот шампион во ова натпреварување, Фернандо Алонсо седна во автомобилот на Тојота и направи први тестови во „ИндиКар" серијата.

Шпанскиот возач од тимот на Мекларен заедно со фабричкиот тим Тојота во ги помина тестовите во „ИндиКар" на патеката „Барбер Парк". Некогашниот Ф1 шампион седна на кормилото на болидот на тимот „Андрети" и за првпат се појави како учесник на тестовите во ова натпреварување. 

„Се надевам дека Фернандо ќе ни се приклучи во ИндиКар во 2019 година и тука ќе остане цела сезона. Тоа е она на што работат сите заинтересирани страни. Сакам да верувам дека ова ќе се случи, а ние, од своја страна, ќе помогнеме да го направиме тоа можно и за Алонсо и за фановите", изјави претседателот на серијата, Марк Мајлс.

Најново во Авто-мото