Скандал во хрватската телевизија по Мундијалот

Коментаторот на ХРТ „шиткал“ влезници за СП во Русија?!

објавено: 6 септември 2018 - 11:50

Спортскиот коменатор на хрватската национална телевизија (ХРТ), Драго Ќосиќ е обвинет дека препродавал влезници за натпреварите на Хрватска на светското првенство во Русија! Како што објави весникот „Јутарњи Лист", ФИФА покренала истрага откако на црниот пазар се појавиле влезници кои официјално ги добила ЕБУ (Европската бродкастерска унија), а се продавале по цена од 20.000 евра.

ЕБУ веднаш побарала објаснување од ХРТ, затоа што според сериските броеви станувало збор за влезници кои ги добила Хрватската телевизија. Членовите на ХРТ во прв момент не можеле да поверуваат што слушаат, но потоа покренале истрага која покажала дека двајца нивни вработени, сепак, добиле влезници за овој настан. Станува збор за коментаторот Ќосиќ и меѓународниот координатот на проектот СП Русија 2018 на ХРТ, Саша Дедиќ.

И Ќосиќ и Дедиќ пред раководството на ХРТ изјавиле дека влезниците ги дале на свои пријатели и не знаат како тие завршиле на црниот пазар. Понатамошната истрага покажала дека во име на ХРТ се набавени дури 40-тина влезници за СП. Kартите сигурно не ги добиле вработените во ХРТ, ниту нивните партнери.

Најново во Другата страна на спортот